• понеделник, 23 декември 2024

Коњановски: Триесет и три настани за јубилејот 80 години од ослободувањето на Битола

Коњановски: Триесет и три настани за јубилејот 80 години од ослободувањето на Битола

Битола, 31 октомври 2024 (МИА) - Јубилејот 80 години од ослободувањето на Битола ќе биде одбележан со квалитетна програмска содржина со 33 настани што ќе се реализираат во период од 15 денови, информира денеска градоначалникот Тони Коњановски.

Тој посочи дека Денот на ослободувањето на Битола, 4 ноември, ќе се прослави со традиционални манифестации, но и со промоција на културни, музички и спортски достигнувања, кои претставуваат гордост за Битола. 

- Сите програмски активности, се реализираат согласно планираните средства во Програмата за култура за одбележување на „4 Ноември“ и одобрениот буџет од 906.540 денари, за што објавивме јавен повик и врз основа на добиените апликации ја изготвивме четвртоноемвриската програма, во која имаме 6 спортски настани, 4 театарски претстави, 4 настани поврзани со филмот и филмската уметност, 6 музички настани, 4 изложби, протоколарни и хуманитарни настани и три настани со кои официјално ќе се одбележат три 80 годишни јубилеи, истакна Коњановски.

Вечер во организација на Македонско – турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, во Кино Манаки ќе биде прикажан филмот „80 години слободна Битола“, а програмата ќе продолжи и во наредните денови се до 14 ноември кога ќе биде одбележани 80 години од основањето на битолскиот Народен театар. мт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан