• четврток, 19 декември 2024

Кочани меѓу најтранспарентните општини според индексот на фискална транспарентност

Кочани меѓу најтранспарентните општини според индексот на фискална транспарентност
Кочани, 5 октомври 2022 (МИА) – Општина Кочани е во групата најтранспарентни општини за своето финансиско работење и го следи општиот тренд на постојано подобрување. Оваа оценка е дадена во извештајот од истражувањето на фискалната транспарентност на општините, реализиранo со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Според индексот на буџетска транспарентност на ниво на единици на локалната самоуправа изработен од Центарот за економски анализи, Општина Кочани е на високото шесто место во групата 13 најтранспарентни општини во државата. Буџетската транспарентност за 2021/2022 во однос на претходниот едногодишен фискален период бележи раст од два индексни поени, односно 15 од максимални 16 поени. -Даночната транспарентност на Општина Кочани е со многу висок степен на интензитет, односно измерена е транспарентност од 60 отсто на локалните даноци, со 20 проценти подобрување од минатата година. Во Извештајот на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Кочани е издвоена како еден од добрите примери кои започнаа да ги споделуваат во живо седниците на Советот преку каналот Јутјуб, истакнуваат стручните служби во Локалната самоуправа на Кочани. Мерењето на буџетската транспарентност на општините е извршено врз основа на степенот и начинот на достапност на документите кои се поврзани со буџетскиот процес кај секоја општина и степенот на учество на засегнатите страни во сите фази од буџетскиот процес. Нивото на даночната транспарентност пак, е утврдено врз основа на достапноста на документи, информации и податоци поврзани со даночниот систем на локално ниво, како и со учеството на граѓаните во носењето одлуки. та/мч/

Остани поврзан