• недела, 22 декември 2024

Коцевски во Подгорица на Регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Коцевски во Подгорица на Регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели, на покана на домаќинот – црногорското Врховно државно обвинителство, учествуваа на Регионална конференција на јавните обвинители за соработка во постапките за воени злосторства што се одржа во Подгорица.

На конференцијата, како што соопшти Јавнотообвинителство, организирана со поддржа од Прогрмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Проектот – Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан се дискутирало за проблемите, предизвиците и постигнатиот напредок на регионалната соработка во постапките за воени злосторства, но и за квалитетот на доказниот материјал во ваквите случаи.

Јавните обвинители дискутирале и за постапувањето по предмети за кривични дела на сексуално насилство поврзано со конфликт. дма/

Фото:ЈОРСМ

Остани поврзан