• недела, 22 декември 2024

Костовски: Граѓаните во Бутел чувствуваат дека општината се менува на подобро

Костовски: Граѓаните во Бутел чувствуваат дека општината се менува на подобро

Скопје, 2 април 2024

-За да има едно релаксирање треба да имаме влада која што навистина има сериозен план да создава нешто, истакна Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во своето гостување во радио Лидер.

Костовски укажа дека граѓаните на општина Бутел се убедени дека тој станал градоначалник да ја менува општината на подобро и заради тоа даваат поддршка.

-Колку што се сеќавам во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со покрупни проекти имаше често поддршка и од страна на опозицијата. Јас секако го земам примерот и со општина Бутел, мислам дека советниците од сите политички партии веќе се убедени дека станав градоначалник за да пробам да ја менувам општината на подобро и тие тоа го чувствуваат и токму заради тоа даваат поддршка, рече Костовски.

Тој во своето гостување потенцираше дека голем број од проектите кои ги ветил се или започнати или веќе завршени.

-Има неколку проекти кои ги ветив и сакам да почнат да се градат како што е градење на нова поликлиника во Бутел, затоа што другите капитални проекти се или започнати, а некои и се завршени. Но еве народски кажано сакам да си ја довршам работат која што сум ветил, кажа тој.

На крај Костовски се осврна и на изборите каде порача дека во Бутел ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови.

-Во врска со парламентарните  изборите со сигурност можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови во Бутел, додаде тој.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан