• петок, 06 септември 2024

Концерт на Дуо „СКУПИ“ во Ватикан

Концерт на Дуо „СКУПИ“ во Ватикан

Велес,5 септември 2024 (МИА) - Дуото „СКУПИ“ од Скопје во состав Јета Старова Мехмети флејта  и Ермаљ Мехмети виолина, вечер во 19:30 часот ќе настапат во Ватикан во Меѓународниот младински центар Сан Лоренцо. Како што информира за МИА, Ермаљ Мехмети музичар, виолинист, композитор и аранжер, на програмата ќе изведат стари македонски,албански и духовни песни,кои ќе ги свират  преработени на негов аранжман.

Инаку Дуото „СКУПИ“ успешно постои и работи од 2006 година и досега настапиле на бројни фестивали манифестации и со нивни  соло концерти во земјава и странство,во многу земји во Европа како и во САД.

Добитници се на голем број награди и признанија меѓу кои посебно им се драги признанието „Истакнати музичари“ на Меѓународниот фестивал во Рагуза Италија, како и  на значајното признанието „Мајка Тереза“ а имаат и признание од УСАИД и многу други.

Дуо „СКУПИ“ досега има издадено три ЦД албуми со преработки на стари македонски и албански песни.ад/са/

Остани поврзан