• недела, 22 декември 2024

„Првото биенале на минијатурни графики и цртежи - Битола 2023“ во Солун

„Првото биенале на минијатурни графики и цртежи - Битола 2023“ во Солун

Скопје, 5 септември 2024

На трети септемви во една од најголемите и најзначајни галерии на Солун- Неаполи-Сикиес, Репулика Грција, беше изложено и свечено претставено Првото биенале на минијатурни графики и цртржи Битола 2023 , проект поддржан од Општина Битола а реализиран од Владо Ѓорески, графички уметник, ликовен критичар и организатор.

Беа преставени во 4 посбени оддели и на 2 спрата, над 800 дела чии автори потекнуваат  од над 90 држави.

Свеченото отварање пред многубројната публика го обележа  градоначалникот  Симос Данаилидис кој истакна дека ова е една од најзначајните изложби и по монументалниот обем и по сериозен уметнички пристап, организирана во изминативе дваесеттина години во Солун. Тој истакна дека со ова Битола се потврдува и наметнува како балкански центар на графиката чие значење е присутно и актуелно во светски рамки.

Воедно тој изрази надеж и желба со оваа изложба да се отвараат важни и потребни ситуации за културна и творечка соработка особено со Општината Битола. Галеријата поседува бројна и драгоцена и значајна збирка од светски графички творци од цветот, која тој ја понуди како возвратен чекор во натамошнат идна соработка.

Во моментов во Солун е претставена изложба на дела: скици, белешки, писма и неколку литографии од Пикасо. Според бројноста на публиката, позитивниот одзив и на смиот градоначалник, оваа битолска манифестација привлече значително и многу сериозно внимание.

Градончалникот изрази огромна желба за посета на Битола и средба со градоначалникот Тони Коњановски, тврдејќи дека Битола според својот културен екстракт е најзначајниот од соседството, при што најави и интересни проекти кои се во прило гна овие две општини и секако со широко меѓународно значење.

Воедно ликковното движење Faire Art кое е едно од најзначајните ликовни движења во Грција, со истакнати ликовни претставувања пред грчката јавност како и во Турција, Романија, Брисел, Унгарија, Србија кој е најангажирана и идејно директна во својот ликовен универзум а предводена од истакнатиот ликовен уметник Јани Промос која е своевидна креативна, творечка и рефлексивна совест во Грција, повеќе од две години активно соработува со Владо Ѓорески, при што сереализирани и најавени сериозни меѓународни заеднички проекти.

Исклучително е значајно да се истакне дека, една од најзначајните ликовни авторитети воопшто во Грција, професорката на Солунскиот универзитет по современа уметност Луиза Авгита, со огромен теоретски опус објавен во бројни книги, преведени на повеќе светски јазици, за самата изложба на Битолското меѓународно биенале, истакна дека: ова е една од ретките, ако не единствена во европски контекст каде се негува: искрен, човечки, ликовен, хуманистички и чист емотивен и мисловен ликовен однос кој што е прогонет од Европа и заменет со сурогат на бесцелни уметнички формализми. Таа истакна дека Битолскиот графички феномен ќе биде посебен интерес на нејзината натамошната проучувачка работа.

Покрај Меѓународното графичко триенале ИТГ Битола, кое според меѓународниот графички центар  Intergrafica е прогласено меѓу десетте најзначајни во свето, Битолското биенале на минијатурни график и цртежи, од октомври минатата година кога за прв пат се одржа во Битола, , веќе си овозможува значајно и оригинално место во ликовните и светските културни и творечки центри особено со посебниот однос и третман на ликовната уметност која ги опфача ликовните уметници од цел свет без наметнат и „опасен“ елитизам.

На отварањето Владо Ѓорески го истакна идејниот концепт на оваа манифестација:

Уште во првите ракописни записи, минијатурите се појавуваат како илуминации преку кои е толкуван светот, пред почетокот на секоја буква, светли и просветлени како крилата на ангелот.Низ и оваа човечка „цивилизација“ тие секогаш постоеле и биле создавани надвор од претенциозниот историски нарцизам.Од „Јавачите на апокалипсата“, „Меланхолијата“ на Дирер, од „Мизеријата на војната“ на Кало, од „Капричосите“ и „Ужасите на војната“ на Гоја... тие постојат, осамено, скоро скришно и непознато, затоа што не се порачка за големите храмови, за царските палати, за дворците на аристократијата, за лавиринтите на политичките тврдини или банкарската парична логореа на „моќта“.Тие не се програмско преповторувано клише, без отстапки и излети надвор одустоличените измислени стилови.Тие мудро и незабележливо се провлекува низ неколкувековната хиерархиска цензура, всушност од почетокот на првите аномалии на престижното „јас“ и ништожното „ти“.Тие стигна и до денес, не како клепсидрична тавтологија на историјата, туку како вечната паралела и генеза на првичните илуминации, на светлечкото зрачење на спиритуалниот лет, доаѓајќи со очајната порака дека денес, во овој миг над нас лебди ангелот со црвени крилја.Пред да дојде, она потоа, кога после милениуми, во некои пештери ќе бидат откриени малите цртежи на човечки фигури со црвени крилја. И така, повторно, ќе почнат безброј толкувања, суетни разјаснувања на праисторискиот прапочеток...Историјата се повторува не по ничеовското начело, туку по космичката гравитација претешка за човечката вирусоидна глупост наречена „цивилизација“. Се разбира ако и овој пат ѝ биде дозволено на таа „епидемија“ повторно да го заврти својот хуманоиден круг врз оваа напатенаПланета. Доколку ова е последниот круг на историскиот рингишпил, ќе остане, засекогаш -пустината: чиста, тивка, спокојна и треперливо мудра како огледало од кое најубаво се гледаат сите ѕвезди како малечки далечни минијатури...

Меѓународно графичко триенале - Битола

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан