• петок, 22 ноември 2024

Концерт „Европа Опен Ер“ на Франкфуртската радиска симфонија

Концерт „Европа Опен Ер“ на Франкфуртската радиска симфонија

Брисел, 31 август 2023 (МИА) – Во организација на Европската централна банка (ЕЦБ) и Радиото на Хесен денеска во паркот „Везелер Верфт“ во Франкфурт ќе си одржи традиционалниот концерт „Европа Опен Ер“ во изведба на Франкфуртктската радиска симфонија.

Како што соопшти ЕЦБ, посетителите на концертот, но и оние што ќе ги следат преносите на интернет или преку радиото и телевизијата, ќе можат да уживаат во некои од најдобрите европски концертни дела на тема „Славење на Европа“. 

Концерот ќе започне со настап на германската соул пејачка Џој Диналани, по што Франкфуртктската радиска симфонија ќе изведе повеќе музички дела под диригентската палка на францускиот диригент со ерменско потекло Ален Алтиноглу. Настанот ќе заврши со изведба на две дела со медитерански ритми.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард нагласи дека концертот, кој годинава се совпаѓа со 25-годишнината од формирањето на Банката, е одраз на посветеноста на оваа финансиска институција на локалната заедница.

- Музиката, литературата и сценската и ликовната уметност не познаваат граници. Тие ни овозможуваат да бидеме обединети во различностите, истакна Лагард. сп/

Фото: Франкфуртктска радиска симфонија

Остани поврзан