• сабота, 25 јули 2026

Концертот на „10-те бузуки на Домна“ ќе се одржи на 6 август на Хераклеја

Концертот на „10-те бузуки на Домна“ ќе се одржи на 6 август на Хераклеја

Битола, 22 јули 2026 (МИА) - Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција коj требаше да настапи на „Локум фест“ во рамки на фестивалот „БитФест“.

Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја.

„10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Концертот содржан во програмата на Битолско културно лето е резултат на соработката на Културно информативен центар КИЦ Битола со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

„Локум фест“ е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамки на „БитФест“. мт/дма/

Фото: „БитФест“

Можно е и ова да ти се допаѓа