• понеделник, 23 декември 2024

Конференција „Градење на капацитетите на училиштата“ по повод Еразмус денови 2022 година

Конференција „Градење на капацитетите на училиштата“ по повод Еразмус денови 2022 година
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - „Градење на капацитетите на училиштата“ е насловена конференцијата што од денеска до 15 октомври ќе се одржува во Скопје, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, по повод Еразмус денови 2022 година. Како што соопштија од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, оваа конференција се организира со цел подигнување и зајакнување на капацитетите на училиштата, детално и опширно запознавање со можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ и размена на идеи и добри практики со веќе искусни Еразмус+ корисници. На отворањето на конференцијата, најавуваат, ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претставник од ЕУ Делегација и директорот на Национална агенција Марко Ѓоргиевски. цр/мд/

Остани поврзан