• недела, 22 декември 2024

Командант на КФОР: Политичкото решение е неопходно за стабилност на Косово, сè уште нестабилно на терен

Командант на КФОР: Политичкото решение е неопходно за стабилност на Косово, сè уште нестабилно на терен

Белград, 20 септември 2023 (МИА) - Командантот на КФОР Ангело Микеле Ристуќа денеска во Белград изјави дека политичкото решение е главната алатка за постигнување мир и стабилност на Косово и затоа НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, објави Политика.

Ситуацијата на северот на Косово ескалира на крајот на мај, кога Србите протестираа поради изборот на Албанци за градоначалници на општините на северот каде мнозинството од населението се Срби. Претставниците на Србите на Косово ги бојкотираа изборите.

Ристуќа рече дека се направени огромни воени и дипломатски напори за повторно воспоставување  помирна и порамномерна ситуација по настаните во мај кои се заканија да се дестабилизираат.

„Тие само потврдуваат дека политичкото решение може да донесе траен мир и стабилност во оваа област. Многу настани, особено оние од 29 мај, потврдуваат дека се потребни политички решенија. Ова е причината зошто НАТО и КФОР целосно го поддржуваат дијалогот со посредство на ЕУ и САД“, рече тој на брифинг со новинари во Белград.

Сепак, додаде дека ситуацијата се уште е нестабилна и може лесно да ескалира, но КФОР е подготвен да реагира на секој развој на настаните на теренот.

Ристуќа го поздрави фактот што претставниците на Белград и Приштина се вратија на преговарачка маса и по зголемените тензии. паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан