• петок, 22 ноември 2024

Количината на помош испорачана во Газа е на најниско ниво од декември и покрај ултиматумот на САД

Количината на помош испорачана во Газа е на најниско ниво од декември и покрај ултиматумот на САД

Тел Авив, 12 ноември 2024 (МИА) - Израел не го исполни барањето на САД да дозволи поголем пристап до хуманитарна помош за Појасот Газа, соопштија денеска меѓународните хуманитарни организации, наведувајќи дека моментално условите се полоши од кога било од почетокот на израелските напади пред 13 месеци.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден минатиот месец му даде на Израел рок од 30 дена да и обезбеди на Газа повеќе храна и друга итна помош, заканувајќи му се на Тел Авив дека американската воена помош во спротивно може да биде прекината. Рокот истече денеска.

Израел најави голем број чекори, но американските власти неодамна навестија дека Израел сè уште не прави доволно, иако сè уште не се објавени официјални мерки.

Новиот израелски министер за надворешни работи Гидеон Саар вчера изјави за новинарите дека е уверен оти „прашањето ќе биде решено“. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан