• петок, 22 ноември 2024

„Колажи“ - изложба на Сузана Арсова во галерија „КО-РА“

„Колажи“ - изложба на Сузана Арсова во галерија „КО-РА“

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Во галерија „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики „Колажи“ на авторката Сузана Арсова.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “- Скопје во рамките на годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура.

Сузана Арсова подолг период е ангажирана во истражувањата на колажот и креативните изразни можности во рециклирањето и колажирањето на најразнородни материјали. Родена e во 1959 година во Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет.

Учесничка е на повеќе групни и тематски изложби. Добитничка е на наградата од КИЦ за сликарство колаж на 43 -та изложба на ликовни уметници од државата, во Скопје во 2004 година.бт/дма/

Фото:Плакат

 

Остани поврзан