Ковачевски: ТАВ донесе нови бизнис вредности за развој на економијата
- Премиерот Ковачевски изрази задоволство од досегашната соработка со концесионерот на скопскиот аеродром кој, како што истакна, во нашата земја донесе нови бизнис вредности.
Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се сретна со Серкан Каптан, генерален директор на ТАВ, Сани Шенер, заменик генерален директор и Метин Батак, генерален директор на ТАВ за Северна Македонија.
Претставниците на ТАВ, како што соопшти владината прес-служба, му го честитаа мандатот на премиерот Ковачевски, како и денешното одбележување на постигнатите резултати на Владата по 100 дена работа.
Претставниците на ТАВ, како што соопшти владината прес-служба, му го честитаа мандатот на премиерот Ковачевски, како и денешното одбележување на постигнатите резултати на Владата по 100 дена работа.
На средбата била потврдена одличната соработка со ТАВ којашто, како што било посочено, во иднина ќе се унапредува и продлабочува.
Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнал важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција со акцент на цврстите економски релации помеѓу двете земји.
Истовремено, Ковачевски изразил задоволство од досегашната соработка со концесионерот на скопскиот аеродром кој, како што истакнал, во нашата земја донесе нови бизнис вредности.
Претставниците на ТАВ нагласиле дека нивниот највисок приоритет во земјава е завршувањето на реновациските зафати на Меѓународниот аеродром Скопје, како и отворање нови комерцијални летови од овој аеродром кон подалечни дестинации.
На средбата обострано било оценето дека развиениот авиосообраќај е важна гранка во развојот на економијата и има индиректен ефект врз економскиот раст на државата. дма/сст/