• недела, 19 мај 2024

Ковачевски: На уставните измени гледам како на гласање за продолжување на европската интеграција

Ковачевски: На уставните измени гледам како на гласање за продолжување на европската интеграција

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на гласањето во Парламентот не гледа како на гласање за амандмани на Уставот, туку како на гласање за продолжување на европската интеграција во земјата. 

-Jaс за уставните измени давам секој ден изјави и никогаш мојата изјава не се разликува од претходно дадената изјава, дека е исклучително важен процес којшто значи иднината за државата. Тоа го кажав денеска и во моето обраќање и на гласањето во Парламентот јас не гледам како на гласање за амандмани на Уставот, туку како на гласање за продолжување на европската интеграција на државата. И сите пратеници тоа треба да го имаат на ум дека треба да остварат стратешка цел за сите граѓани во државата коишто сакаат и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. А за ефектите, позитивни економски ефекти од тоа членството во ЕУ можевме да чуеме од сите говорници коишто до сега се обратија на Економскиот форум тука во Скопје, рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за спроведување на реформите и изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан, како и претходно на Ги Верхофштад, Ковачевски рече дека сите тие изјави вклучувајќи ја и онаа на претседателката на ЕК, се во комплетна согласност. 

Одговарајќи на новинарско прашање за спроведување на реформите и изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан, како и претходно на Ги Верхофштад, Ковачевски рече дека сите тие изјави вклучувајќи ја

-Истото го кажа, ако забележавте и претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен дека ЕУ треба да се подготви и дека може да функционира со повеќе од 30 земји членки, така што се работи за изјави кои сите комплетно се во согласност, рече премиерот Ковачевски. 

Тој потенцираше дека реформите кај нас продолжуваат.

-Ние правиме низа на реформи постојано, затоа општеството ни е унапредено од независноста до денес во сите аспекти практично на општественото уредување и секако дека ЕУ ќе работи на усогласување на своите процедури во однос на функционирање со повеќе земји членки. Таргетот останува 2030 година, а ако го слушнавте господинот Хан во неговото обраќање тој дури беше и оптимист дека тоа може да биде и побрзо со оглед на темпото со кое се работи, рече премиерот.

Во однос на комесарот Хан, Ковачевски рече дека имале исклучително пријателска и конкретна средба.

-Бидејќи тој е комесар за буџет и во текот на изминатите две години имавме низа на состаноци во Брисел, коишто се однесуваа на обезбедување на макрофинансиската поддршка која Македонија ја добива од ЕУ. И на два пати сите сте информирани дека имавме успешни состаноци, 80 милиони евра помош за справување со енергетската криза и 160 милиони евра помош за справување со економската криза. Денеска разговаравме за она што следи понатаму во делот на Буџетот за идната година и исто така во делот на обезбедување на средства за сите проекти што се реализираат од ЕУ. Разговаравме и во однос на европските интеграции на државата. Тој е голем поддржувач на нашите интеграции. Немојте да заборавиме дека тој имаше една од клучните улоги кога ние станавме членки на НАТО, беше дел од преговори за Договорот од Преспа, и јас сум многу среќен што е тука, рече Ковачевски.

Во однос на изјавата на Верхофштад, според него, таа воопшто не се разликува од другите изјави што се даваат.

-Да ние имаме цел до 2030 година. Тоа е целосно во согласност со тоа што го кажа претседателот на Европскиот совет господинот Мишел, кој што кажа дека ЕУ до 2030 треба да работи на две патеки: едната е реформи во ЕУ со цел да може да функционира со повеќе од постојните земји членки. Истото го кажа, ако забележавте и претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен дека ЕУ треба да се подготви и дека може да функционира со повеќе од 30 земји членки, така што се работи за изјави кои сите комплетно се во согласност, рече Ковачевски. ев/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан