• петок, 22 ноември 2024

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто.

-Мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни прехранбени производи од 10 до 30 и 40 проценти. Тоа се млекото, месото, производи од делот на зеленчукот, овошјето и тоа може да се види во маркетите, истакна премиерот, одговорајжи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“.

Тој уште еднаш напомена дека владините политики даваат резултат. мч/са/

 

Остани поврзан