• понеделник, 23 декември 2024

Клинт Иствуд го прослави 90-от роденден

Клинт Иствуд го прослави 90-от роденден
Лос Анџелес, 1 јуни 2020 (МИА) - Легендарниот американски глумец, режисер, продуцент и филмски композитор, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден. Роден во Сан Франциско на 31 мај 1930 година, Иствуд почнал да ја гради својата знаменита кариера во филмската индустрија во 1960-тите и 70-тите години, играјќи прво во италијанските тн. „шпагети вестерн“ филмови на Серџо Леоне. А, белег остави и улогата на тврдоглавиот американски полицаец Хери Калахан во филмот „Валканиот Хари". Во својата богата кариера играше во голем број реномирани воени, криминалистички и драмски проекти. Својата режисерска кариера ја започна 1971 година со филмот „Морничава ноќ“ (Play Misty for Me). Иствуд е номиниран за осум Оскари за режија и продукција, освојувајќи ја статуетката за филмовите „Непростено“ и „Девојка од милион долари“.Тој беше и двапати номиниран за Оскар за најдобар глумец (во двата филма), но не го доби. Други позабележителни филмови се „Мистична река“ и „Писмата од Иво Џима“. Иствуд е носител и на највисокото француско граѓанско одличје - Легијата на честа. Голем обожавател е на џезот, а кон крајот на 1980-тите, како независен кандидат беше избран за градоначалник на гратчето Кармел-Бај-д-Си, во округот Монтереј, Калифорнија, САД. си/сд/

Остани поврзан