Клиниката за радиотерапија и онкологија формираше онколошки конзилиум за подобрување на услугите
- Новата в.д. медицинска директорка, Виолета Клисаровска на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија формираше онколошки конзилиум, надлежен за правилна и подобрена покриеност на
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Новата в.д. медицинска директорка Виолета Клисаровска на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија формираше онколошки конзилиум, надлежен за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија. Исто така, во тек е обновување на онколошките протоколи за лекување, согласно медицина базирана на докази, но адаптирани во рамките на актуелните можности на буџетот на клиниката, информираат од Универзитетската клиника.
-Биолошката терапија, односно лековите кои не се на позитивна листа, ги обезбедува клиниката преку условен буџет, кој е дефиниран во соработка со надлежните институции. По насока на Владата и Министерството за здравство, спроведуваме ревизија која очекуваме во брз рок да даде анализа и јасен пресек на состојбата. За овој дел, јавноста ќе биде дополнително информирана се со цел заштита на јавниот интерес, се наведува во соопштението.
Од Клиниката додаваат дека се работи и на анализа која дополнета со наодите од ревизијата ќе биде основа за преземање на други чекори и активности за креирање ново системско решение кое ќе оневозможи каква било злоупотреба на процесите, во интерес на пациентите и граѓаните. ки/са/