• сабота, 29 јуни 2024

Климатските активисти планираат протести на Волстрит

Климатските активисти планираат протести на Волстрит

Њујорк, 28 јуни 2024 (МИА) - Активистите кои се борат против климатските промени денеска во Њујорк планираат протест против инвестициската банка „Ситигруп“, како дел од нивната кампања „Лето на горештините“.

„Лето на горештините“ е насочено кон брокери од Волстрит во кампањата против фосилните горива.

Се очекува повеќе од 1.000 климатски активисти да учествуваат на протестот, кој ќе заврши со „акција на масовна граѓанска непослушност“ во канцелариите на Ситигруп, се вели во соопштението на групата што ги организира протестите.

Пред десет дена пред седиштето на „Ситигруп“ беа приведени неколку демонстранти, а, според соопштението на њујоршката полиција, со покани се ослободени 23 лица. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан