• среда, 26 јуни 2024

Клајн: Бајден ќе именува координатор за Ковид-19

Клајн: Бајден ќе именува координатор за Ковид-19
Вашингтон, 13 ноември 2020 (МИА) - Шефот на Кабинетот на Џо Бајден, Рон Клајн рече дека новоизбраниот американски претседател ќе именува координатор за Ковид-19 кој ќе раководи со тимот на новата администрација за справување со коронавирусот. Тој за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека координаторот ќе има директен пристап до претседателот и секојдневно ќе го информира за ситуацијата. - Исто така, ќе се формира тим за координација на дистрибуцијата на вакцини, решавање на проблеми во синџирот на снабдување и подобрување на пристапот до тестирање, рече Клајн. паг/  

Остани поврзан