• петок, 22 ноември 2024

Клаудио Браво стави крај на кариерата

Клаудио Браво стави крај на кариерата

Сантијаго, 27 август 2024 (МИА) - Поранешниот капитен на Чиле, Клаудио Браво, објави дека се пензионира на 41-годишна возраст. Тој им се заблагодари и на соиграчите, тренерите, навивачите и семејството за поддршката.

- Го напуштам професионалниот фудбал, ова е мудра одлука, добро осмислена, дискутирана на семејно ниво. Време е да завршам важен циклус во мојот живот. Да започнам уште една семејна фаза која ќе биде успешна како оваа фаза која ми даде толку големо задоволство, напиша Браво на социјалните мрежи.

Голманот бранеше за Коло-Коло, Реал Сосиедад, Барселона, Манчестер сити, Бетис и чилеанската репрезентација.

Браво има 22 титули во кариерата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан