• петок, 22 ноември 2024

Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”

Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Општина Кисела Вода соопшти дека се завршени градежните активности за изградба на паркинг простор во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”.

-Во изминатите две седмици активно се работеше на асфалтирање на површина од окоу 500 квадратни метри, додека на претходно постоечкиот паркинг, се извршија реконструктивни зафати со што го обновивме просторот за паркирање на површина од околу 1600 квадрати. Се рабoти за простор на улицата „Народни Херои”, кој е во непосредна близина на основно училиште, што уште повеќе ја потенцира потребата од паркинг. Дополнително, денес се асфалтира и крак на улицата „Пушкинова”,изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека заокружуваат уште еден поголем проект од сферата на патната инфраструктура, кој на жителите од населбата 11 Октомври Згради им обезбедува покомфорен сообраќај и дополнителен простор за паркирање.

-Со асфалт и павер елементи уредивме 1800 квадрати површина на улиците „Народни Херои” и „Пушкинова”, сообрaќајници кои се во непосредна близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”. Денешниот настан е уште една потврда дека заложбите за надминување на сообраќајните предизвици со кои се борат сите урбани заедници и понатаму остануваат да бидат високо на истата од моите приоритети на делување како градоначалник. Со новите 40-тина паркинг места кои ги отвораме денес, бројот на новоизградени паркиралишта за само две години се искачи на 1320. Бројка што е повисока за 320 места од ветените 1000 во мојата предизборна програма, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. дма/са/

Фото:Општина Кисела Вода
 

 
 

 

 
 

Остани поврзан