• среда, 11 февруари 2026

Кирил Пецаков се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Кирил Пецаков се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Охрид, 21 јануари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Прецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која е во прва официјална посета на Охрид.

На средбата на присуствувала и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола, Пецаков  ги запознал соговорничките со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Било разговарано и за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион. 

„Заедно со амбасадорката изразивме надеж за продлабочување на прекуграничната соработка во повеќе области, особено во делот на туризмот, заштита на животната средина и културата“, вели Пецаков. аб/са/

Фото: Општина Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан