МИА единствен акредитиран странски медиум што ќе ги покрива изборите во Бугарија
- Изборите в недела ќе ги следат 176 акредитирани домашни новинари. Освен од МИА, не добивме барање за акредитација од други странски медиуми, изјави Силвија Симова од прес-службата на ЦИК во Софија за МИА.
Софија, 17 април 2026, (МИА) - МИА, со двајца свои претставници, е единствениот акредитиран странски медиум што ќе ги покрива претстојните парламентарни избори во Бугарија, што ќе се одржат в недела, 19 април.
Според информациите од Централната изборна комисија на Бугарија, кај нив не е пристигнато барање за акредитација на новинари од други држави.
Изборите в недела ќе ги следат 176 акредитирани домашни новинари. Освен од МИА, не добивме барање за акредитација од други странски медиуми, изјави Силвија Симова од прес-службата на ЦИК во Софија за МИА.
На денот на изборите, како што најави, предвидени се три брифинзи во ЦИК, која се наоѓа во зградата на Народното собрание на Бугарија.
По затворањето на избирачките места во 19 часот, односно во 20 часот на местата на кои се затекнати гласачи што сакаат да го искористат своето право на глас, не се очекуваат официјални резултати од ЦИК, освен од штабовите на политичките партии.
ЦИК, како што нè брифира Симова, ќе излезе со конечни резултати четири дена по гласањето, а имињата на избраните пратеници ќе бидат објавени по седум дена, на 26 април. паг/дј/
Фото: МИА