• понеделник, 23 декември 2024

Кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк во Скопје

Кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 19 август 2023 (МИА) - Во организација на Град Скопје вечер кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк ќе се одржи бесплатно филмско - музичко дружење.

Забавната програма, како што информираат од Град Скопје, почнува во 20:30 часот со проекцијата на филмот „Хомо“ („Only human“) во режија на Игор Иванов, а потоа следува музичкиот дел со настапите на Мирко Попов од 22 часот и сетот на Виолета Качакова од 23:30 часот.

-Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември. Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк, велат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028 година. дма/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан