• сабота, 21 декември 2024

Кинеското летало „Шенжу-19“ се спои со кинеската вселенска станица

Кинеското летало „Шенжу-19“ се спои со кинеската вселенска станица

Пекинг, 30 октомври 2024 (МИА) - Кинеското вселенско летало „Шенжу-19“ („Божествен брод 19“) денеска се прикачи на кинеската вселенска станица во Земјината Орбита, пренесоа светските агенции. 

На вселенскиот брод има тројца астронаути меѓу кои и една жена. Тие непречено слетаа на Вселенската станица „Тијангонг („Небесна палата“) во 4:00 часот по македонско време.

Со ова, Кина станува вселенска сила, со свое вселенско летало со екипаж во Космосот.

Главната цел на оваа азиска држава е со свое летало да слета на Месечината во догледно време, пренесуваат западни медиуми. Исто така, наводно, се планира и изградба на нова меѓународна научноистражувачка база на природниот сателит на Земјата.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан