• понеделник, 14 октомври 2024

Кинески носач на авиони забележан во близина на Тајван

Кинески носач на авиони забележан во близина на Тајван

Тајпеј, 13 октомври 2024 (МИА) – Армијата на Тајван е во состојба на зголемена готовност откако денеска е забележан кинески носач на авиони јужно од островот.

- Кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ навлезе во водите во близина на каналот Баши и најверојатно се движи кон западен Пацифик, соопшти тајванското Министерство за одбрана, додавајќи оти „армијата останува во состојба на висока готовност и е подготвена да реагира доколку е потребно“.

Тајванското МО истакна дека на 9 и 10 октомври забележани се 27 кинески воени авиони и девет бродови на кинеската воена морнарица околу Тајван.

Кина изминатите години го зголеми воениот и политички притисок врз Тајван. Пекинг речиси секојдневно испраќа воени бродови и авиони да патролираат во околината на Тајван. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан