• четврток, 19 декември 2024

Кина одбележува 75-годишнина од крајот на Втората светска војна

Кина одбележува 75-годишнина од крајот на Втората светска војна
Пекинг, 3 септември 2020 (МИА) - Кина денеска ја одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Пацификот, кога земјата претрпе окупација од Јапонија. Во Меморијалниот центар посветен на војниците и цивилите кои ги загубија своите животи за време на јапонската окупација, претседателот Си Џинпинг ги повика присутните претставници на кинеската Влада да оддадат едноминутно молчење, јави агенцијата ТАСС. Иако Јапонија официјално ја потпиша капитулацијата на 2 септември 1945 година на американскиот воен брод „Мисури“, 3 септември во Кина се одбележува како годишнина од крајот на Втората светска војна, затоа што на тој ден се одржа првата национална комеморативна церемонија. За време на вчерашниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Си, меѓу другото, рече дека сака да работи во корист на „меѓународната правда и правичност“, пренесе агенцијата Синхуа. паг/    

Остани поврзан