Телефонски разговор Шолц - Трамп, посветен на Украина
- За време на разговорот, двајцата лидери се согласија дека војната во Украина трае премногу долго, соопшти германската влада. „Од суштинско значење е да се работи на постигнување праведен и одржлив мир што е можно побрзо“, истакнаа тие.
Берлин, 19 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, разговараа телефонски за ситуацијата во Украина.
За време на разговорот, двајцата лидери се согласија дека војната во Украина трае премногу долго, соопшти германската влада.
„Од суштинско значење е да се работи на постигнување праведен и одржлив мир што е можно побрзо“, истакнаа тие.
Шолц изјави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина во одбраната од руската агресија, сè додека е потребно.
На самитот на Европската Унија во Брисел, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика европските лидери на единство, како меѓусебно, така и со новата администрација на Трамп, нагласувајќи ја важноста на трансатлантската соработка за постигнување траен мир во Украина. ссм/
фото: архива