• четврток, 26 декември 2024

Кина и Јапонија договорија дијалог за безбедност во 2025 година

Кина и Јапонија договорија дијалог за безбедност во 2025 година

Пекинг, 25 декември 2024 (МИА) - Кина и Јапонија постигнаа договор за билатерален дијалог за безбедност следната година, соопшти јапонскиот министер за надворешни работи, Такеши Иваја, во Пекинг.

Иваја ја даде изјавата за медиумите по работниот ручек со неговиот кинески колега Ванг Ји.

Главна тема на состанокот беше кинеската забрана за увоз на морски производи од Јапонија, воведена во август 2023 година, како резултат на испуштањето на пречистена радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа „Фукушима“.

Кина објави во септември дека постепено ќе го обнови увозот на јапонска риба и морски плодови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан