• сабота, 16 ноември 2024

Ким нареди масовно производство на дронови камикази

Ким нареди масовно производство на дронови камикази

Пјонгјанг, 15 ноември 2024 (МИА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска присуствуваше на тестирање на дронови камикази и нареди масовно производство на оваа оружје.

Ким истакна дека е неопходно што побрзо да се изгради систем за сериско производство и да почне масовно производство на дронови камикази.

Тој додаде дека во светот се зголемува употребата на беспилотни летала за воени цели и оти воените власти веројатно ќе го препознаат нивниот успех во конфликти од различни размери.

Беспилотни летала камикази често се користат во војните во Украина и на Блиски Исток. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан