• вторник, 26 ноември 2024

Киев: Соборени се два од трите руски дронови лансирани во текот на ноќта

Киев: Соборени се два од трите руски дронови лансирани во текот на ноќта

 Киев, 1 април 2024 (МИА) - Во текот на ноќта, украинските воздухопловни сили соборија два од трите дронови „Шахед“, лансирани од Русија, соопшти украинската армија.

Генералштабот во својот извештај на Фејсбук не соопшти повеќе детали за нападот. Не е јасно дали дронот што не бил пресретнат стигнал до целта.

Медиумите забележуваат дека ноќта била релативно мирна за Украина по серијата напади врз енергетската инфраструктура што Русија ги засили пред десет дена. ссм/

фото: архива/илустрација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан