• петок, 22 ноември 2024

Кевин Портер кариерата ќе ја продолжи во Грција

Кевин Портер кариерата ќе ја продолжи во Грција

Атина, 1 април 2024 (МИА) – Американскиот кошаркар Кевин Портер најде нов тим. Дваесет и тригодишниот играч се согласи да потпише договор до крајот на сезоната со грчки ПАОК.

Во септември, Портер беше уапсен поради напад на неговата девојка Каиза Гондресик во хотел во Њујорк. Прелиминарната истрага на местото на настанот утврдила дека Портер ја удрил неколку пати по телото и ја стискал со двете раце на вратот. По серија судски рочишта, едно од трите обвиненија против Портер беше отфрлено.

Во јануари, Портер се изјасни за виновен за претепување на својата девојка. Набргу по инцидентот, Портер беше разменет од Хјустон во Оклахома, а потоа веднаш ослободен.

Во текот на четири сезони во НБА, тој одигра 196 натпревари, со просек од 15,3 поени, 4,3 скока и пет асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан