Каја Калас: САД потврдија дека нема да ги загрозат интересите и „црвените линии“ на Украина и Европа
- Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е значајно што американскиот државен секретар Марко Рубио ја потврдил посветеноста на Вашингтон кон НАТО. Таа додаде дека европските земји мора да ја зголемат својата самостојност во одбранбениот сектор.

Брисел, 4 април 2025 (МИА) – Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е значајно што американскиот државен секретар Марко Рубио ја потврдил посветеноста на Вашингтон кон НАТО. Таа додаде дека европските земји мора да ја зголемат својата самостојност во одбранбениот сектор.
Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, Калас истакна дека Рубио дал уверување дека САД нема да прават отстапки што би биле на штета на интересите и „црвените линии“ на Украина и Европа.
Министрите за надворешни работи на НАТО се собраа на дводневен состанок во Брисел за да ги разгледаат плановите за претстојниот самит во Хаг и да дискутираат за актуелните безбедносни прашања. ссм/
фото: ЕПА