• петок, 22 ноември 2024

Касами: Тетово има 100 тони смет дневно, депонија Русино дозволуваше оставање само на 40 тони

Касами: Тетово има 100 тони смет дневно, депонија Русино дозволуваше оставање само на 40 тони

Тетово, 8 март 2024 (МИА) – Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека купиштата смет што се создаваат околу контејнерите изминативе неколку недели се должи на тоа што немало каде да се носи сиот отпад од градот. Според него, надминат е проблемот со депонијата Русино каде имало ограничување на тоа колку количини смет може да се остават.

- Во ова време и транзитниот центар беше преполн, во депонијата Русино имаше една наредба од директорот да не носиме повеќе од 40 тони, а 100 тони имаме на ден. Го имаме решено тоа, веќе депонијата Русино го прифаќа целиот смет што го носиме, така тоа веќе сега е ставено во нормала. Работиме во ноќни часови, за тие мали депонии, една по една, да се расчистат и да се стави во нормала, за јавното претпријатие, односно во моментот приватниот оператор да може да менаџира во делот на чистење на контејнерите. Така овие 2-3 денови сè ќе биде ставено во нормала. И ако има ситуација да има некој дел каде нема да стигнат да го исчистат, ќе бидеме во контакт да интервенираме и тоа да се среди, рече Касами одговарајќи на новинарските прашања по денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената.

Тој очекува со реструктурирање на јавното комунално претпријатие, да има повеќе можности да се менаџирање работењето на јавниот површини и зеленилото, како што се правеше денес. Реорганизацијата во ЈКП Тетово ќе донесе повеќе можности насочена кон уредување на градот.

- Ќе има посебен акциски план за озеленување, за садење на цвеќиња и дрвја. Има ситуации каде што ние засадувавме цвеќе и дрвја, но немаше организациска поставеност за нивно одржување.  Сега веќе работиме сериозно Јавното комунално претпријатие што остана да биде така организирано, не само да  засадува и озеленува површини, туку и луѓето да бидат одговорни во делот на одржувањето, истакна Касами.

За подобрување на состојбата со комуналната хигиена Касами рече дека ќе се распределат нови 400 контејнери низ градот.

- Сите делови на Тетово ќе бидат покриени со нови модерни контејнери и оваа прилика ја искористувам да ги повикам граѓаните да не фрлаат ѓубре каде што не е место. Има ситуации да имаме празни контејнери, а околу контејнерите да има мала депонија. Ги молам граѓаните да  го фрлат ѓубрето во контејнер, затоа што ако е расфрлано околу контејнерите тоа значи двојно повеќе ангажман на вработените. Јас гарантирам дека за брзо време ова ќе се стави во нормала и ќе профункционира најдобро што е можно, истакна Касами.

Тој повтори дека големите административните процедури го отежнуваат нормалното функционирање на новото претпријатие предводено од австриско-словенечката фирма Заубермахер. ас/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан