• четврток, 11 јули 2024

Кармело Ентони не отпатува на мечот на Лејкерс поради здравствен протокол

Кармело Ентони не отпатува на мечот на Лејкерс поради здравствен протокол
Лос Анџелес, 28 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони не отпатува со тимот за мечот против Лејкерс. Ентони остана во Орегон „придржувајќи се на протоколот за здравје и безбедност на НБА“. Ова го соопшти клубот. Триесет и шестгодишниот Ентони има просек од 10 поени по натпревар на неговите две воведни средби сезонава. Средбата Лос Анџелес лејкерс – Портланд е закажана за ноќта понеделник кон вторник со почеток во 4 часот. зс/

Остани поврзан