• четврток, 21 ноември 2024

Медиуми: Стојковиќ останува српски селектор

Медиуми: Стојковиќ останува српски селектор


Белград, 11. јули 2024 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, ќе остане на функцијата и во иднина, објавија денеска белградските медиуми.
Оваа одлука ќе биде потврдена на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој треба да се одржи в петок, објави Моцарт спорт.
Стојковиќ пред ЕВРО2024 потпиша нов договор до 2026 година, но се шпекулираше дека ќе добие отказ по разочарувачкиот настап на Европското првенство.
Според медиумите, Стојковиќ ќе остане на селекторската должност, но неговиот договор ќе биде ревидиран, и ќе биде“ финансиски малку поскромен“.
Главна цел на Србија во претстојниот период ќе биде да обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан