• вторник, 02 јули 2024

Кари: Сè уште мислам дека Вориорс можат да го задржат јадрото, да ги задржат сите

Кари: Сè уште мислам дека Вориорс можат да го задржат јадрото, да ги задржат сите

Сан Франциско, 4 април 2023 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари изрази надеж дека клубот ќе ги задржи водечките играчи, како и претставници на тренерскиот и раководниот штаб.

 

- Сè уште верувам дека можеме да го задржиме нашиот столб, да ги задржиме сите. Ја разбираме важноста на Боб Маерс, важноста на нашиот тренер, нашиот столб, Дрејмонд, Клеј, јас, Андре, дури и ако има многу тешка сезона во однос на повредите. Но, тој одигра важна улога зад сцената. Докажавме дека сме способни да победиме. Сè додека е така, тоа го олеснува разговорот, рече Кари.

 

Голден стејт кој е актуелен шампион во НБА-лигата се наоѓа на 5. место во Западната конференција со 41 победа и 38 порази. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан