• вторник, 02 јули 2024

Кари: Не се плашам да преземам одговорност во клучните моменти

Кари: Не се плашам да преземам одговорност во клучните моменти

Сан Франциско, 24 август 2023 (МИА) - Четирикратниот НБА шампион Стеиф Кари, додека комуницираше со фановите, го сподели својот начин на размислување за тоа како да постигнете успех во секој бизнис.

 

-Не се плашам да дадам се што имам. Не се фокусирам на резултатите. Не велам: „Ох, го загубивме финалето во 2016 година, па сè што направив беше погрешно.

 Не, веќе сте стигнале до тука. Можеби вреди да направите неколку прилагодувања и треба да размислите добро, но веќе сте стигнале до одредена точка. Направете го тоа повторно. Не дозволувајте неуспехот да ви ја убие самодовербата.

Не се плашам да играм во клучните моменти. Завршената работа е основата на мојата самодоверба, изјави Кари.

 

Тој со Голден Стејт пред две години беа шампиони на НБА-лигата. Со амбиции за највисок пласман Кари и соиграчите ја чекаат новата, 2023/24 сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан