• вторник, 09 јули 2024

Кари: Не знаев дека немаме право на тајм-аут, кога погледнав кон клупата сите се држеа за глава

Кари: Не знаев дека немаме право на тајм-аут, кога погледнав кон клупата сите се држеа за глава

Сан Франциско, 24 април 2023 (МИА) – Првата ѕвезда на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари за малку ќе беше трагичар на синоќешниот дуел со Сакраменто во НБА-плејофот. Голден Стејт победи со 126:125 и изедначи на 2:2 во серијата прв до четири победи.

 

Во финишот на натпреварот при водство на Вориорс со пет поени разлика, Кари побара тајм-аут во ситуација кога тимот веќе немаше право на такво нешто, па судиите му доделија техничка грешка и топка за Сакраменто. Грешката на Кари за малку ќе доведе до пораз на Вориорс.

 

- Не знаев дека по неуспешниот „челинџ“ не ни остануваат тајм-аути. Тоа што го направив не  беше најпаметната одлука. Ме фатија пар играчи на Кингс, немав каде да бегам, решив наместо да ја изгубам топката да побарам тајм-аут... Кога погледнав кон клупата, сите се држеа за глава. За среќа, сепак победивме. Ова е добра лекција за важноста на малите нешта и нијанси, рече Кари.

 

Следниот натпревар од серијата ќе се игра во Сакраменто ноќта среда кон четврток. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан