• петок, 28 јуни 2024

Кари го потпиша дресот на Вокер: Никогаш нема да ти простам за натпреварот 4 од серијата

Кари го потпиша дресот на Вокер: Никогаш нема да ти простам за натпреварот 4 од серијата

Сан Франциско, 14 мај 2023 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лони Вокер објави фотографија од потпишаниот дрес што му го подари ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари по шестиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција.

 

- За Лони. Продолжи да создаваш! Со љубов. Никогаш нема да ти простам за четвртиот меч од серијата, напиша Кари.

 

Во натпреварот број 4 од серијата, Вокер постигна 15 поени во последната четвртина. Ова им овозможи на Лејкерси да победат со резултат 104:101 и да се одлепат во серија 3-1.

 

Полуфиналето во Западната конференција заврши со победа на Лејкерси 4-2. Во финалето на Западот, тимот ќе игра со Денвер. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан