• понеделник, 23 декември 2024

Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“: Сакаме да дишеме чист воздух!

Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“: Сакаме да дишеме чист воздух!
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Потребата од дишење чист и здрав воздух ги обедини организациите, експертите, но и одредени поединци во борбата заснована на солидарност во рамки на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, -Во изминатите три месеци, кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ помогна да се создаде мрежа од повеќе од 520 организации, поединци и експерти, со цел да се информираат граѓаните на Западен Балкан за причините, последиците и можните решенија околу аерозагадувањето. Со оваа кампања имавме намера да посочиме дека сите од Западен Балкан имаме доволно потенцијал, знаење и капацитет за да работиме заедно во духот на солидарноста, со цел да го решиме проблемот со аерозагадувањето еднаш, засекогаш, стои во соопштението. Кампањата е иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со организациите Право на градот, обновливи извори и Институт за регулирање на животната средина (РЕРИ), Отворено училиште во Белград (BОŠ) (Белград, Србија),  институт за животна средина и територијално управување (Тирана, Албанија), Екофорум (Зеница, БиХ), Центар за екологија и енергија (Тузла, БиХ); Сбункер (Приштина, Косово), МојВоздух (Скопје, Северна Македонија) и ОЗОН (Подгорица, Црна Гора). -Во соработка со експерти од регионот, истражувавме теми како: загадувањето на воздухот и неговите последици врз смртноста и здравјето на граѓаните, влијанието на загадувањето врз стапката на плодност, аерозагадување предизвикано од големите загадувачи и индустријата, аерозагадувањето во корелација со пандемијата КОВИД-19. Освен што ги информиравме нашите сограѓани, сакавме да воспоставиме врски помеѓу регионалните организации и активисти, и да испратиме порака дека сите сакаме да дишеме чист воздух! Нашата борба е заснована на единство и солидарност, а на нашата кампања се придружија повеќе од 520 лица и организации и активисти од целиот регион. Содржините, написите и пораките што ги создадовме допреа до повеќе од 650.000 граѓани на западен Балкан само преку социјалните медиуми, додека традиционалните медиуми објавија повеќе од 500 написи, соопштенија, интервјуа, се додава во соопштението. Врз основа на постигнатите резултати органзациите кои ја водат оваа кампања, одлучија да ја подигнат на следно ниво, со трансформација во регионална мрежа. свс/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан