• петок, 04 октомври 2024

Кампањата на Трамп собра повеќе од 160 милиони долари донации во септември

Кампањата на Трамп собра повеќе од 160 милиони долари донации во септември

Вашингтон, 3 октомври 2024 (МИА) - Предизборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со Републиканската партија, собрале повеќе од 160 милиони долари донации во септември, соопшти денеска штабот на републиканскиот кандидат.

Ова е за 23 отсто повеќе од собраните 130 милиони долари во претходниот месец.

Трамп се соочува со тесна трка против американската потпретседателка Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември, покажуваат анкетите. 

Кампањата на Харис собра 361 милион долари донации во август, а во однос на финансиските средства го предводи изборниот штаб на Трамп. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан