• вторник, 26 ноември 2024

Камински: Полска испраќа дополнителни 500 полицајци на границата со Белорусија

Камински: Полска испраќа дополнителни 500 полицајци на границата со Белорусија

Варшава, 2 јули 2023 (МИА) - Полска ќе испрати 500 полицајци на границата со Белорусија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.

Полската гранична полиција денеска соопшти дека 187 лица вчера се обиделе илегално да преминат во Полска од Белорусија.

-Поради тензичната ситуација на границата со Белорусија, решив да ги засилиме нашите сили со 500 полски полицајци од превентивните и антитерористичките единици, напиша Камински на Твитер.

Тие ќе им се придружат на пет илјади гранични полицајци и две илјади војници кои ја обезбедуваат оваа граница. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан