• петок, 22 ноември 2024

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања

Вашингтон, 21 август 2024 (МИА) - Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка.

Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари.

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, собра околу 138 милиони долари во јули, со што до почетокот на август имаше вкупно околу 327 милиони долари. За време на кампањата за изборите во 2020 година, претседателот на САД, Џо Бајден, собра нешто повеќе од милијарда долари. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан