Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно
- Европска Унија мора да ја поддржи Украина „колку што е потребно“ во нејзината борба да ја одбие руската инвазија, изјави денеска именуваната Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас
Брисел, 12 ноември 2024 (МИА) – Европска Унија мора да ја поддржи Украина „колку што е потребно“ во нејзината борба да ја одбие руската инвазија, изјави денеска именуваната Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
- Ситуацијата на бојното поле е тешка. И затоа мора да продолжиме да работиме секој ден. Денес, утре и онолку долго колку што е потребно и со толкава воена, финансиска и хуманитарна помош колку што е потребно, истакна Калас пред пратениците. ми/
фото: ЕПА