Египетскиот претседател Ал Сиси ја потврди својата поддршка за Либан
- Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска се сретна со вршителот на должноста премиер на Либан, Наџиб Микати во рамките на вонредниот арапско-исламски самит што се одржа во Ријад, Саудиска Арабија, јави либанската национална новинска агенција.
Ријад, 12 ноември 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска се сретна со вршителот на должноста премиер на Либан, Наџиб Микати во рамките на вонредниот арапско-исламски самит што се одржа во Ријад, Саудиска Арабија, јави либанската национална новинска агенција.
За време на средбата, Ал Сиси ја потврди поддршката на Египет за суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан, остро осудувајќи ја израелската агресија на палестинските територии и во Либан.
Египетскиот претседател ја истакна клучната улога на меѓународната заедница за запирање на ескалацијата во регионот и спречување на регионална војна која би била катастрофална. Тој, исто така, го увери Либан дека Египет продолжува да му дава помош на либанскиот народ.
За возврат, премиерот Микати изрази благодарност за цврстата поддршка на Египет за Либан и ги пофали напорите на Египет за постигнување мир и стабилност во регионот.
Микати ја истакна важноста да се изврши притисок врз Израел да ја запре агресијата врз Либан и да постигне прекин на огнот, повикувајќи на целосно спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. рп/
Фото: МИА архива