• вторник, 25 јуни 2024

Казнет со 15 месеци затвор и 12 илјади евра обвинетиот за напад врз припадници на КФОР во северно Косово

Казнет со 15 месеци затвор и 12 илјади евра обвинетиот за напад врз припадници на КФОР во северно Косово

Приштина, 24 јуни 2024 (МИА) – Основниот суд во Приштина го осуди на 15 месеци затвор и парична казна од 12.000 евра лицето Ненад Орловиќ, обвинет за напад врз припадниците на Мировната мисија на НАТО - КФОР во Звечан во северно Косово, во мај минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на судскиот совет, Валбона Муслиу Селимај, рече дека одлуката ќе стане директно применлива бидејќи дојде како резултат на спогодбата за признавање вина.

Србинот со косовско и српско државјанство Орловиќ е осуден за кривичните дела учество во толпа што извршило кривични дела и хулиганство и напад на службено лице.

Тој е во притвор од 26 јуни минатата година.

Според обвинението, Орловиќ употребил цврсти средства, импровизирани експлозивни направи и огнено оружје во насока на припадниците на КФОР.

Обвинението на Специјалното обвинителство против Орловиќ е во врска со настаните од 29 мај минатата година, кога насилна толпа српски демонстранти повреди околу 90 припадници на КФОР. иа/рп/

Остани поврзан