• среда, 27 ноември 2024

Казнети 98 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Казнети 98 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) - Во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи вчера се санкционирани 98 возачи, од кои 44 на територија на СВР Скопје, 20 на територија на СВР Тетово... При акциската контрола, стои во соопштението од МВР, санкционирани се и 148 други видови  сообраќајни прекршоци. Од МВР најавија дека се продолжува со засилените акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. цр/хс/

Остани поврзан