• петок, 22 ноември 2024

Казната делуваше, Дембеле прв дојде на тренингот на Барселона

Казната делуваше, Дембеле прв дојде на тренингот на Барселона
Барселона, 15 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле беше првиот што пристигна на денешниот тренинг на каталонскиот тим, објави новинарот Алекс Пинтанел на Твитер. Дембеле минатата недела ја доби првата казна откако Чави ја презема тренерската функција. Французинот во базата пристигна во 8:33 часот, иако играчите мора да пристигнат најдоцна час и половина пред почетокот на часот, кој беше закажан за 10 часот. Трите минути доцнење го чинеа Дембеле парична казна. Правилата за казни во Барселона ги оживеа Чави, кој пред една недела беше промовиран во наследник на Роналд Куман на позицијата шеф на стручниот штаб. зс/

Остани поврзан