• четврток, 02 јануари 2025

Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил

Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил

Алма Ата, 30 декември 2024 (МИА) - Комисијата за истрага на авионската несреќа на 25 декември во Казахстан, предводена од министерот за транспорт Марат Карабајев, соопшти дека Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил, објави казахстанска новинска агенција.

Во согласност со Анекс 13 на Конвенцијата од Чикаго, државата што ја истражува авионската несреќа мора да обезбеди анализа на црните кутии и е одговорна за изборот на држава за читање и дешифрирање црни кутии.

Во 1992 г Казахстан ја ратификуваше конвенцијата. Земјата е исто така членка на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан